Кејн заминува ако Тотенхем не обезбеди пласман во Лигата на шампионите

355 прегледи

Хари Кејн ќе го напушти Тотенхем ова лето, доколку „Спарси“ не ја освојат Лигата на шампионите.

Веродостојниот „Атлетик“ ја пренесе оваа информација и изјави дека Кејн донесе одлука дека нема да ја менува.

Доколку Тотенхем не влезе во Топ 4 и обезбеди сигурна игра во најелитното натпреварување, капитенот и најдобриот стрелец на тимот ќе си замине.

Тотенхем има слаба сезона, но сепак се бори за место во Лигата на шампионите.

Тие беа елиминирани од Лига Европа од Динамо Загреб, беа елиминирани и во ФА купот, а финалето ќе го играат против Манчестер Сити во Лига купот на 25 април.

Кејн порасна во Тотенхем и својата професионална кариера ја започна во 2011 година.

За 10 години нема освоено ниту еден трофеј со Тотенхем, а за 10 години има постигнато 244 погодоци во сите натпреварувања.

Слични содржини