Англиската актерка Кејт Бекинсејл, која светска слава во 2001 година и донесе улогата во холивудскиот блокбастер „Перл Харбор“, во моментов снима нов филм „Ќерката на затвореникот“ во Лас Вегас, но се чини дека ќе мора да отсуствува од сетот некое време.
Според TMZ, убавата актерка завршила во болница поради неподносливи болки во грбот. Се уште не е познато дали 48-годишната Кејт се повредила за време на снимањето на гореспоменатата семејна драма од режисерот Кетрин Хардвик или во „The Signature“ хотелот, каде што престојуваше.
Извори блиски до актерката во петокот рекоа дека се уште е на одделот за итни случаи, а нејзината моментална состојба не е позната. Додаваат дека грбот ја „фатил“ околу 10:30 часот наутро, за што било потребно брзо заминување во болница.
Уште кога пристигна во Лас Вегас за снимање, Кејт редовно документира се што е поврзано со нејзиниот престој таму на социјалните мрежи. Таа со своите придружници ги сподели бројните тестови за Ковид -19 што требаше да ги направи, а се пожали и на топлината во тој најголем град во Невада.
Брајан Кокс, Тајлер Ритер и Ерни Хадсон исто така глумат во „Ќерката на затвореникот“. Кокс го игра поранешниот осуденик Макс, кој откако излезе од затвор, се обидува повторно да се поврзе со својата ќерка (Бекинсејл) и внукот.