Сите се загрижени за неа: Позната актерка објави фотографија од болнички кревет

од Vladimir Zorba

Кејт Бекинсејл предизвика загриженост кај обожавателите откако сподели фотографија на која е во болнички кревет.

Во објавата што ја сподели на Инстаграм, актерката и оддаде почит на нејзината мајка Џуди Ло на Денот на мајката, опишувајќи ја како „неверојатна жена“.

Но, во низата објавени фотографии, 50-годишната актерка откри и фотографии на кои плаче додека седи на болнички кревет. Кејт имаше голема црна машна на главата и нејзините очи беа полни со солзи.

Иако не е јасно дали фотографијата е нова или стара, таа беше доволно да ги загрижи и вознемири нејзините многубројни фанови.

Поради ова, многумина во делот за коментари ја прашаа дали е добро, дали е во болница и и посакаа брзо закрепнување. А самата Кејт се уште не се огласила.

Слични содржини