Кејт и Вилијам на наградите за заштита на животната средина Earthshot

од Vladimir Zorba

Кејт Мидлтон се појави на зелениот тепих рамо до рамо со принцот Вилијам. Војвотката го носеше веќе видениот фустан на Александар Меквин, изработен од лаванда тул. Овој фустан беше направен по мерка за војвотката уште во 2011 година, кога го носеше на наградите БАФТА.

По толку години, фустанот и понатаму одлично и прилега. Добро искористени 5.000 евра!

Меѓутоа, овој пат најголемо внимание привлече принцот Вилијам облечен во зелено сако од плиш и црна ролка. Овој стил на облекување неодоливо потсетува на изгледот на Даниел Крег од промоцијата на новиот филм за Џејмс Бонд.

Принцот Вилијам уживаше во комплименти и внимание, а Кејт му ја остави на сопругот улогата на дива!

Целта на зелениот тепих и оваа забава беше да се сврти вниманието на глобалното затоплување и промените во природата.

Принцот Вилијам рече дека она што го правиме во следните 10 години може да ја одреди судбината на планетата во следните илјада.

„Иднината зависи од нас да одлучиме и ако се обврземе на тоа, ништо не е невозможно. Сакам да им кажам нешто на младите луѓе кои не гледаат вечерва: „Ние не направивме ништо премногу за да ја заштитиме планетата за вашата иднина. Но, „Earthshot“ е со вас. Во следните десет години ќе најдеме решение за поправка на нашата планета!“

Слични содржини