Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа во Велс и се најдоа на насловните страници кога рачно им доставија пици на планинските спасувачи на паркингот за време на посетата на рагби клубот Dowlais во Мертир Тидфил.
Во оваа прилика Кејт разговараше со обожавателите и даде редок коментар за принцезата Дајана.
Кога една обожавателка ја прашала дали го носи вереничкиот прстен на Дајана, таа потврдила дека тоа е „истиот прстен“, додавајќи дека не морала да го прилагодува за да го носи.
„Но, за жал, никогаш не ја запознав“, заклучила таа.
Kate Middleton caught on camera making rare remarks about Princess Diana https://t.co/jCJ4os8GVE pic.twitter.com/wXI76nzdFt
— New York Post (@nypost) April 28, 2023
Додала и дека верува дека Дајана би била „прекрасна баба“, а на прашањето дали му недостига на семејството, таа одговорила:
„Многу. На семејството му недостига секој ден“.
Во 2010 година, принцот Вилијам ѝ подари на Кејт веренички прстен со 12-каратен сафир опкружен со дијаманти, кој принцезата Дајана го носеше пред неа.