Кејт Мидлтон е бремена со близнаци

од Stefanija Kuzmanovska
593 прегледи

Војвотката од Кембриџ, 38-годишната Кејт Мидлтон, очекува близнаци, според списанието In Touch Weekly, а веста доаѓа точно десет дена откако нејзината снаа, 39-годишната Меган Маркл, откри дека го загубила своето второ дете во јули оваа година.

Како што откри извор за споменатиот медиум, кралскиот пар Кејт и принцот Вилијам веќе им ја откриле среќната вест на остатокот од семејството.

Британскиот престолонаследник наводно бил шокиран кога дознал дека близнаците наскоро ќе пристигнат, но неименуваниот извор за таблоидот изјавил дека шокот набргу поминал и тој и неговата сопруга сега возбудено очекуваат новите членови на семејството да им се придружат на двојката и нивните деца – седумгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и тригодишниот принц Луис.

Исто така, двојката наводно се плашела од реакцијата на другите членови бидејќи семејството го потресело веста дека принцот Хари и неговата сопруга го изгубиле своето второ дете. Сепак, според изворот, откако семејството дознало за четвртата бременост на Кејт и фактот дека ќе роди близнаци, парот не престанува да прима честитки, а и Меган и Хари се среќни за убавата вест.

Слични содржини