📷Кејт Мидлтон „фатена“ како го напушта замокот Виндзор со Вилијам

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Британските медиуми будно внимаваат на се што е поврзано со кралското семејство, па не е чудно што не го пропуштија и заминувањето на Кејт Мидлтон од замокот Виндзор. Папараците ја снимија во приватен автомобил, заедно со принцот Вилијам, кој се упати кон Вестминстерската опатија, а таа на приватен состанок.

Најновите фотографии на Кејт Мидлтон, на кои таа е сликана на задното седиште во патнички автомобил со принцот Вилијам, додека го напуштаат замокот Виндзор, ги објави „Дејли Мејл“.

И додека принцот од Велс се упати кон Вестминстерската опатија на мисата за Денот на Комонвелтот, која се одржува попладнево, Кејт Мидлтон наводно отишла на однапред договорен приватен состанок, но не се знае за што се работи.

Кејт Мидлтон и Принц Вилијам, Фото: Дејли Мејл

Кејт Мидлтон и Принц Вилијам, Фото: Дејли Мејл

Принцезата од Велс беше фотографирана како гледа во далечината низ прозорецот на автомобилот додека Вилијам читаше неколку трудови. Овој излет на Кејт Мидлтон изненади многумина, откако беше најавено дека ќе ја видиме во јавноста дури после Велигден.

Сепак, можеби сето тоа е изиграно со цел да се смират гласините и да се замолчат теориите на заговор кои се шират последниве денови и објавената фотографија на Кејт Мидлтон со нејзините деца, која беше отстранета од фото сервисот на најпознатите агенциите поради дигитална манипулација.

Поради се, Кејт се извини преку социјалните мрежи, потврдувајќи дека самата ги „обработила“ фотографиите. Но, тоа навистина не и помогна, бидејќи сите се согласуваат дека целата ситуација се покажа како тотално фијаско на сметка на принцот и принцезата од Велс, особено откако палатата одби да ја објави оригиналната фотографија.

Слични содржини