Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се појавија на премиерата на филмот „No time to die“ во Лондон и ги засенија сите присутни со своите тоалети, како и корисниците на социјалните мрежи.
Имено, врз основа на реакциите, може да се каже дека тие двајца беа уште поголеми sвезди таа вечер од присутните актери.
Кејт и Вилијам пристигнаа на премиерата во заедничко друштво на принцот Чарлс и војвотката Камила, со кои ретко се појавуваат во јавноста, сe за да ги запознаат главните актери на филмот Даниел Крег и Рами Малек и други членови на актерската екипа.
Секако, Кејт беше во центарот на вниманието, бидејќи буквално блескаше во златен фустан на дизајнерката Џени Пекам, по цена од околу 2.800 фунти, и на никој не му беше лесно да го тргне погледот од неа.
На социјалните мрежи, многумина коментираат дека Кејт конечно го облече фустанот што отсекогаш го сакаше бидејќи не ја тргна насмевката од лицето.