Кејт Мидлтон има трик за младолик изглед, потполно е бесплатен (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Иако нема сомнеж дека Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, ги има на располагање најдобрите советници за убавина, таа откри лесен начин за постигнување младешки изглед, кој и самата го применува. Трикот, тврди војвотката, е во фризурата.

Нејзиниот начин на стилизирање на косата стана импресивен откако се приклучи на кралското семејство, но на последните јавни појавувања покажа малку поинаква фризура. Кејт стави дел од косата зад ушите, откривајќи повеќе од нејзиното лице отколку што обично.

Нејзината промена на стилот првпат беше забележана на кралската турнеја на Карибите, што очигледно беше добар начин да се справите со големата топлина и влажност на ова место.

Сепак, Кејт продолжи да го применува овој стил и по завршувањето на турнејата.

– Зафрлањето на косата зад ушите помага да се истакнат јагодичките и коските на вилицата, што ја покажува нејзината сјајна кожа и привлекува внимание кон нејзините очи. Ова го прави нејзиното лице да изгледа позатегнато и и дава младешки сјај – го објаснија експертите трикот на војвотката.

Покрај тоа, таа носи малку подолга коса, права и со патец во средишниот дел на главата. Ова, додаваат експертите, дава софистициран, но во исто време и лежерен изглед.

Оваа фризура е лесна за одржување и местење, а изгледа сосема елегантно, исто како и самата војвотка.

Слични содржини