Откако Меган Маркл го напушти Обединетото Кралство, сите британски очи се повторно вперени кон Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ и сопругата на идниот британски крал. Кејт Мидлтон во последните месеци работи повеќе од вообичаено, а британскиот Daily Mirror пишува дека заработила нов прекар поради своите ангажмани.
Бидејќи Кејт најмногу е посветена на детските организации и најдобро ѝ одат задачите кои вклучуваат дружење со децата, фановите на британското семејство ѝ го дале прекарот Принцеза на децата (Children’s Princess).
https://www.instagram.com/p/B7543aslqdr/
Овој прекар многумина ги потсети на овој кој го носела принцезата Дијана, која била Принцеза на луѓето (People’s Princess) поради фактот дека била посветена на работата со обичниот народ и дека најмногу уживала во делот од работата кој вклучувал комуникација со луѓето.
https://www.instagram.com/p/B73fI9bFm68/
Кејт Мидлтон обожува деца, а и тие неа. Неодамна на едно девојче ѝ се извини бидејќи не носи фустан како на Пепелашка, откако девојчето се пожалило дека се разочарало од нејзината облека.