Кејт Мидлтон слави роденден, овие занимливости за неа не сте ги знаеле

242 прегледи

Војвотката од Кембриџ денеска слави роденден, а откако влезе во кралското семејство секој нејзин чекот се наоѓа под лупата на јавноста.

Сепак, постојат занимливости кои се помалку познати.

Еве некои од нив:

1. Има роднинска врска со Џорџ Вашингтон
Се чини дека Меган Маркл не е единствениот член на кралското семејство поврзан со Америка. Според New England Historical Genealogical Society, Кејт е еден од далечните потомци на првиот американски претседател Џор Вашингтон. Интересно е тоа што и покојната свекрва, принцезата Дијана, исто така е далечн роднина на Вашинготн.

2. Дел од детството го минала во Јордан
Нејзиниот татко, Мајкл Мидлтон, работел како диспечер на летови, додека нејзината мајка, Керол Мидлтон работела на земјоделски посед на British Airways и била стујардеса. Поради работата на својот татко Кејт за време на 1980-тите неке време живеела во Јордан.

3. Глумела принцеза
Кога имала 10 години во школска претстава Кејт ја глумела Пепелашка која се омажила за шармантен принц. Се чини дека соништата навистина се остваруваат.

4. Таа и принцот Вилијам ја имале преинато врската.
Нивното прекинување кое се случило во 2007 година, траело три месеци.

5. Кејт го носи свршеничкиот прстен на принцезата Дијана
Принцот Вилијам во 2010 година ја побарал за жена со истиот прстен од бело злато со 14 дијаманти и 12-каратен сафир кој неговата мајка во 1981 го одбрала за својата свршувачка.

6. Талентирана е за фотографирање
Кејт обожава фотографија па така едно време дури и фотографирала за семејсната фирма Party Pieces.

7. Обожава спорт
За време на школувањето на колеџ таа играла тенис, хокеј и нетбал, а станала и капетен во хокејската постава.

8. Била вработена во модниот свет
Имено, војвотката од Кембриџ своевремено работела за модната куќа Jigsaw Junior.

9. Потпишала предбрчен договор
Таа е првата војвотка која го направила тоа.

Слични содржини