Кејт Мидлтон со емотивна исповед: Цело време се грижев дали ќе бидам добра мајка

404 прегледи

Војвотката од Кембриџ, сопругата на принцот Вилијам, ја истакнала важноста на првите години од животот на детето во подкастот објавен во саботата, со кој сака да ја промовира грижата за децата.

Кејт, во својот 40-минутен разговор за поткастот Среќна мајка, среќно дете, рекла во доверба дека “постојано“ се грижела дали ќе биде добра мајка, додавајќи дека „мајките кои велат дека не се грижат поради тоа, вусшност лажат“.

„Доведувањето во прашање сопствените одлуки, сопственото мислење и тие работи, тоа почнува штом добиеш дете. Потполно го потценив влијанието и промената која беше внесена во нашиот живот“, рекла мајката на трите деца.

Според зборовите на Кејт, за способноста навистина да ужива во времето кое го поминува со блиските може да ѝ заблагодати на својата прекрасна баба, која им посветувала многу време, си играла со нив, готвела и ги учела да работат.

„Голем дел од тоа искуство се обидувам да го проживеам повторно со своите деца“, рекла, застанувајќи зад тоа дека во тој важен период во одгледувањето на детето, од зачетокот до петтата година, треба да се посветува повеќе внимание.

Кралскиот пат има три деца: принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (4) и принцот Луис (20 месеци). Тие се трети, четврти и пети во надледство за британската круна.

Слични содржини