Кејт Мидлтон во опуштено издание, со еден потег ги воодушеви сите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, редовно привлекува внимание со своите комбинации на облека. Ниту еден нејзин стајлинг не останува незабележан.

Таа неодамна се најде на насловните страници кога се појави со својот сопруг, принцот Вилијам, на венчавката на јорданскиот престолонаследник и во таа прилика блесна во елегантен, романтичен фустан.

Иако сме навикнати да ја гледаме претежно во гламурозни изданија, принцезата сега ги изненади сите кога посетила рагби клуб за да разговара со играчите за важните теми на растењето.

Таа за оваа прилика избра тренерка, поло маица и патики, а косата ја врза во реп.

Кејт во еден момент дури и играше рагби, што дополнително ги воодушеви сите присутни.

Слични содржини