448
Војвотката од Кембриџ мора да помине десет дена во самоизолација, иако сè уште нема симптоми на инфекција. Затоа сите нејзини претходно договорени обврски мораа да бидат откажани
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (39) последен пат беше видена во јавноста минатиот петок, кога со поранешниот британски играч Тим Хенман (46) гледаше тениски натпревар на Вимблдон.
Оттогаш таа е во самоизолација затоа што била во контакт со личност која има позитивен наод за КОВИД-19.
Портпарол на палатата Кенсингтон рече дека војвотката во моментов нема симптоми, „но ги следи сите владини регулативи и e изолирана во домот“. Според владините упатства, самоизолацијата на Кејт ќе трае 10 дена.