
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, објави фотографии од нејзините деца, додека си играат во градина, проектирана од неа.
Местото беше создадено специјално за овогодишната цветна изложба во Челзи, објави Би-Би-Си.
Кејт Мидлтон изјави дека сака да ги инспирира луѓето да трошат повеќе време во природата.
Нејзиниот таканаречен „шумски храм“ е дел од нејзината работа за раниот детски развој.
Според сопругата на принцот Вилијам, игрите на отворено им помагаат на децата да станат „среќни и здрави возрасни лица“.