Поради сцената од „Титаник“ во која позира гола на креветот, Кејт Винслет одлучи дека никогаш повеќе нема да се соблече гола за потребите на филм. Тоа ветување, сепак, беше прекршено.
„Не можам да се извлекувам засекогаш со тоа, а не сакам да станам актерка која секогаш се соблекува“, рече таа во интервју за „Тајм“ во 2009 година.
Меѓутоа, во филмот за палеонтологот Мери Енинг, Ammonite, Кејт сепак ја соблече вишокот облека кога требаше да снима љубовни сцени со актерката Саориз Ронан, која ја игра нејзината љубовница Шарлот.
„Се сеќавам дека помислив, еве ме на 43 години и снимам голи сцени. Мислев дека тоа нема да ми биде пријатно, но бев изненадена од тоа како се чувствував. Се чувствував одлично. „Сфатив дека сум постара и дека имам поинакво тело од она што го имав кога имав 20 години“, рече таа.