Кејти Холмс и Џејми Фокс дебитираa како пар на „Met Gala 2019“

од Vlatko K
127 прегледи

Го криеја својот однос со години. Првите гласини за нивната врска се појавија уште во 2013 година,
веднаш по разводот на Кејти со Том Круз. Двајцата со Џејми Фокс беа забележани како се држат за
раце, шетајќи на плажа во Малибу во 2017 година и оттогаш стана јасно дека се во врска.


На спектакуларен настан како „Met Gala 2019“ двајцата конечно се одлучија да направат прва јавен
настап како двојка.

Кејти изгледаше неверојатно во виолетов фустан од „Zac Posen“, а Џејми облече класичен костум,
кој сепак ги искомбинира со виолетови чевли, во тон со фустанот на неговата дама.