Тотално шик: Кејти Холмс се прошета во впечатлив мантил

од Vladimir Zorba
321 прегледи

Актерката Кејти Холмс, која многумина ја сметаат за некрунисана кралица на уличната мода, редовно создава кул модни комбинации кои се вистинска модна инспирација.

Убавата бринета лесно склопува шик стајлинзи во кои е невозможно да се најде мана, па предизвика вистинска возбуда во кул тексас мантил со интересни металик украси, докажувајќи дека оваа вечна ткаенина воопшто не ја губи својата популарност.

Остатокот од овој кул изглед, ѕвездата од „Dawson’s Creek“ го надопони со неутрална црна боја, а покажа и кожна чанта и балетанки, кои направија големо враќање оваа сезона.

Слични содржини