Кејти Пери го доби случајот против калуѓерките кои ја обвинуваа за „вештерство“

од Vladimir Zorba
87 прегледи

По 2-годишни судски војни пејачката Кети Пери доби случајот против монахињите, кои не ѝ дозволуваа да купи поранешен католички манастир и кои ја обвинуваа за вештерство. До водењето на процеса пред Врховниот суд на Лос Анџелес се дојде откако пред 2 години 32-годишната пејачка одлучи да претвори во свој дом поранешен католички манастир, кој беше даден на продажба.

Таа предложи неверојатни 14,5 милиони долари, за да се здобие со имотот, но монахињите, кои живееле пред неа таму оценија дека Пери не е соодветен сопственик. Двете Божји службенички, на 78 и 86 години, дури изјавија дека всушност тие се сопственици и нема да ја дадат куќата на никој друг освен на локалната бизнисменка Дана Холистер.

Кога Кејти Пери беше споменала дека го посетила легендарниот град Салем, монахињите упатија обвинение против Пери и за вештерство.