319
Кејти Пери и Орландо Блум повторно се заедно – 11 месеци откако се разделија. Информацијата беше пуштена од „Сан Онлајн“ од извор запознат со односите на двојката.
„Тие повторно се заедно. Овојпат Кејти сака работите да функционираат. Овој пат двајцата имаат намера да останат далеку од светлата на рефлекторите, но дефинитивно се заедно пак“, изјави изворот пред медиумите.
32-годишната пејачка и 42-годишниот актер излегуваа пред повеќе од 10 месеци и се чинеше дека се многу среќни, но во февруари минатата година неочекувано се разделија и одлучија да останат само пријатели.
Подоцна имаше бројни шпекулации дали двајцата нема сепак да се соберат, но тие никогаш не беа потврдени.