Кејти Пери ќе ги води овогодишните видео награди на МТВ

од Vladimir Zorba

За водител на овогодинешната церемонија на врачување на видео музичките награди на MTV беше избрана екстравагантната поп-пејачка Кејти Пери. Тоа го објавија од телевизијата само неколку дена откако станаа јасни и номинациите за наградите, кои ги одликуваат најдобрите видеа во музичкиот бизнис во текот на годината.

Самата Кејти е номинирана во пет од категориите – за најдобро поп-видео, најдобра режија и најдобри визуелни ефекти за видеото Chained to the Rhythm, како и за најдобар уметнички режисерски проект за песната Bon Appetit и колаборацијата (со Калвин Харис – Feels).

Денес беше соопштено и дека на Кејти Пери ќе ѝ биде доделена честа да го отвори самото шоу со свое исполнување.

“Возбудени сме дека глобалната појава Кејти Пери ќе биде домаќин и изведувач на Видео музичките награди 2017. Таа е во првите редови на музичката култура и совршен човек за домаќин на овогодинешното шоу кое ветува дека ќе биде едно од најразновидните и исполнети со музика церемонии во историјата на MTV наградите “, рече денеска Брус Гилмер, шеф на одделот за музика и музички талент кон” Виаком “.

Самата церемонија ќе се одржи на 27 август во затворената арена “Форум” во Инглуд, Калифорнија.

Слични содржини