398
На пејачката Кејти Пери ѝ се слошло за време на снимање на новото издание на Американски идол. Таа најпрво почувствувала мирис на гас, а потоа главоболка.
Пред да се онесвести, неколкупати се пожалила дека чувствува мирис на гас, но никој од колегите не го почувствувал истото.
„Имам силна главоболка, многу ми е лошо“, успеала да изговори и потоа се онесвестила. Веднаш интервенирала итна помош, но повеќе детали засега не се познати.