Поп пејачката Кети Пери организира пребарување на “богатство” во дваесетина градови во светот, како маркетинг трик за претставување на нејзиниот нов сингл, кој официјално излегува во петок.
Најпопуларната личност на “Твитер”, со 95.7 милиони следбеници, Пери пушти во социјалната мрежа бројни пораки, претставувајќи траги кон наоѓање на “богатство”.
Потоа таа објави мапа со 26 различни градови во светот, главно во Северна Америка и Западна Европа, каде што се сместени закачени на синџири диско топки, кои го навестуваат насловот на новата нејзина песна “Chained to the Rythm”.
Пери ги повика сите заинтересирани да ги пронајдат овие диско топки, во кои можат да се вклучат слушалки и да се слуша нејзиниот нов сингл. Стотици нејзини фанови побрзаа да ги бараат, следејќи ги инструкциите и објавени во нејзиниот профил картички.
Новото парче на Кејти Пери е со бавен ритам на позадината на синтисајзер сличен на диско стилот. Во Париз диско топката беше поставена пред прочуеното кабаре “Мулен Руж”, во Њујорк – во “Маккарон парк”, во хипстерскиот кварт “Вилијамсберг”, а во Токио – во стоковна куќа, кој се смета за епицентар на “Тинибопер” културата во Јапонија (најчесто опфаќа тинејџерки меѓу 10-14 години, кои се опседнати од поп музиката и модата и се одликуваат со особено инфантилно однесување и снобизам и носат скапа и многу разголена облека).