Кејтлин Џенер откри детали од бракот со Крис: „Тоа е некако тажно“

од Stefanija Kuzmanovska
544 прегледи

Кејтлин Џенер откри дека повеќе не разговара со својата поранешна сопруга, со која има две ќерки. А потоа изнесе низа детали за својот интимен живот. Таа е одлучна во врска со едно прашање.

Кејтлин Џенер во интервју за „Тајмс“ изјави дека иако деновиве е „многу сингл“, не планира наскоро да најде партнер.

„Добро сум. Не барам врска. Никогаш нема да имам врска во иднина. Едноставно не го гледам тоа во мојот живот. Не го барам тоа“, рече таа.

Напомена дека не е осамена, има семејство кај кое може да оди на вечера, како и две кучиња, Берт и Бакстер. Се забавува на различни начини.

„Управувам со авион, играм многу голф. Кога имав 20 години, одев на трки со автомобили – што не е добар начин за заработка или кариера. Го правите тоа затоа што е забавно“, додаде Кејтлин.

Поранешната реалити ѕвезда на Keeping Up with the Kardashians, која има две ќерки Кајли и Кендал Џенер со поранешната сопруга Крис Џенер, откри дека работи на неколку проекти, но и дека многу тренира, иако тоа се променило од нејзиното претходно темпо.

„Не се обидувам да освојувам златни олимписки медали. Само уживам во доброто здравје. Не претерувам со вежбање, иако тренинзите ми се рутина“, изјави поранешната олимписка шампионка.

Кејтлин Џенер го кажа следново за односот со нејзината поранешна сопруга:

 

„Се препознавме уште на почетокот и се венчавме по пет и пол месеци. Бев вљубена во неа, бидејќи таа беше многу поразлична од мене. Но, да, морам да кажам, тоа беше љубов на прв поглед“, рече таа, која пред 10-тина години одлучи да го промени полот и од Брус Џенер стана Кејтлин Џенер.

Дека не разговара со Крис, откри во емисијата „This Morning“.

„Тоа е некако тажно бидејќи поминавме низ многу, но тука едноставно има многу работи“, рече таа.

Многумина инсистираат дека Кејтлин го сменила полот за да избегне затворска казна за предизвикување фатална сообраќајна несреќа што се случила пред трансформацијата. Таа негира и тврди дека отсекогаш се чувствувала како жена.

Слични содржини