ДРЖАВАТА ТОА СУМ ЈАС !.
Со сета почит кон загинатите во завчерашната елементарна непогода и сочувство до нивните семејства, ама онаа вчерашна парада на Груевски и неговите измеќари (читај амали на туѓиот срам) не може и не смее повеќе да се премолчува.

Не се работи за злупотреба на трагедијата, туку за прелеана чаша.
Што видовме од вчерашната евтината глума и парада:
• Кој е кој во државата – кој е вожд, а кои се неговите неспособни измеќари (амали на туѓиот срам)
• Дефинитивно ова беше јавен приказ на ставот ,,ДРЖАВАТА ТОА СУМ ЈАС”
• Следествено на практиката која ја воспостави Груевски редно е денес и Али Ахмети да се појави со министрите, војската и полицијата и тој како лидер на партија да дава наредби. И тој нека каже кој и што да прави, каква одлука да донесе владата… и се друго. Потоа на ред нека дојдат З. Заев и М.Тачи.
• На семејствата на загинатите по 5000 евра од Владата на РМ, 3000 евра од Град Скопје и 100.000 денари од општина Гази Баба. Сетете се колку отштета побара Груевски за обвинувањата за Македонска Банка!. Ни помалку ни повеќе 500 000 евра за клевета (за доживеана тешка душевна болка и вознемиреност по објавувањето на аудио снимката и обвинувањата изнесени од страна на тужениот З.З).
• Дали поранешниот премиер вчера носеше панцир под плавата маица?. Нели велат: ЧИСТА СОВЕСТ – ПОМАЛ СТРАВ и ОБРАТНО.
Јове Кекеновски – Фејсбук статус