Кекеновски: Голем број на судии го сменија дресот откако дојде СДСМ на власт

од Aleksandar Todeski
406 прегледи

Не треба да не прашувате нас зошто Уставниот суд после три години го актуелизира помилувањето. Жално е што немаме Уставен суд, туку класичен политички суд, вели универзитетскиот професор Јове Кекеновски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Начинот на кој се гласаше таму ми дава право да тврдам дека тие немаат сила да се оттргнам од нивните ментори во сенка. Одлуката ќе покаже друга анализа, највисоката институција во државата носи несигурност. Има контрадикторни одлуки, за исти прашања Уставниот суд има донесени различни одлуки. Кога носат одлуки, треба да имаат предвид фактот каква одлука биа донесена пред нив. Во 2016 година имаме ситуација со укинати одредби, преќутно Уставниот суд се ставила во улога на законодавец и донела друга одлука. Коа се прави укинување и поништување се знае што значи едното, а што другото. Ако е поништен, поништени се дејствијата, ако е укинат, тогаш нема правно дејство и законодавецот треба да донесе изменет член“, вели Кекеновски.

Судијката Маргарита Цаца Николовска пак, вели дека имаме широка лепеза на Уставниот суд, но законитоста не е предмет на испитување на Уставниот суд, туку уставноста. Според неа, судиите од Уставниот суд треба Уставот пред себе да го гледаат, бидејќи тоа не е политика, туку политиката е во Собрание.

„ФРОДЕМ како здружение на граѓани чиј приоритет е владеење на правото сака оваа држава конечно да заживее онака како што треба да заживее. Знаевме дека судиите се бирале од тефтерчето на поранешната министерка. Како тие судат кога јавноста знае како се бирани“, истакна Кекеновски.

Според него голем број на судиите со доаѓање на СДСМ на власт само ги смениле дресовите.

„Голем број од судиите со доаѓање на СДСМ на власт едноставно ги преоблекоа дресовите, можеби не како што беа во минатото, не грешката беше тоа што не се случи генерален реизбор на судиите. Како може да биде судија некој на кого претходно му кажувале каква пресуда да донесе“, нагласи професорот.

Според Цаца Николовска, Уставниот суд често пати знае да каже „ние немаме надлежност за тоа“.

„Секој кажува дека е против помилувањето, но треба во пракса да се реализира владеење на правото, не само да се зборува за тоа“, вели таа за политичарите.

Слични содржини