Ви го пренесуваме интегрално обраќањето на Јове Кекеновски носителот на ИЕ2 на Коалицијата за промени и правда

Почитувани дами и господа, сограѓани роднини и пријатели.
Денес е голем празник Света ПРЕЧИСТА БОГОРОДИЦА еден од најголемите 12-те христијански празниции. Затоа на сите верници, а посебно на оние кои го слават, кои приредуваат домашна служба им го честитам од срце со желба за среќна успех и здравје.
Овој празник е познат и како празник на заветувањето. Пресвета Дева Марија била прва доживотно заветувана девојка. Е тоа заветување, кога до крајот на својот живот опстојувате на дадениот збор и ова денешно заветување и ветување на нашите политичари е разлика како небо и земја.
Овие нашиве денешни политичари на се можат да се заветувааат ама ништо да не исполнат. Се работи за бессрамни манипулатори и невидени лажговци. Не ми е јасно каде ке им оди душата…
За сторените гревови и во пеколот нема да ги примат!!!!??????.
10 години најмилите браќа Груевски и Ахмети (браќа по бизнис) ја тресеа и осиромашуваа Македонија. Си играа со судбините и животите на луѓето. Не крадеа безмислосно и сега пак бара 63 пратеника.
А знаете ли зошто бара 63 пратеника?
ЗАТОА ШТО Е КАПУТ.??!!!
Впрочем тој не бара 63 ПРАТЕНИКА – тој бара 63 ПОСЛУШНИЦИ кои само ке креваат рака кога ќе им нареди – иста онака ако што како штоима нредуваше на досегашните послушници во Собранието кога ги амнестираше борците на УЧК за најголемите сторени зла.
Исто како кога му наредуваше на нашиов сограѓанин од Хаг да пишува писмо за поддршка за амнестијата за борците на УЧК.
Кога веќе го ајде да ви кажам нешто,
Пред да дојдам на овој митинг во моето родно село Љубанци, на влезот од селото видов закачен транспарен т на кој пишуваше ,,ЈОВЕ НЕ ГО ВАЛКАЈ….. (претпоставувам дека амалите на туѓиот срам сакале да напишат ,,образ”). Но, нејсе….. Си велеам ова мора да е масло на Јохан со кој се слушнав синоќа и му реков дека нема потреба неговите деца да ги кинат моите плакати, да не ги става децата во оган и непотребен ризик, затоа што изборите ке поминат, а ние треба пак да се видиме. Меѓутоа новопечениот бизнисмен очигледно решил да игра нечисто.
Кога веќе така сака ајде сега овде од Љубанци да го прашам и доколку има храброст нека одговори на поставениве прашања.
- Јохане ако децата (по нечиј налог) поставиле транспарент ,,Јове не го валкај…… (образот) одговори: Јохане се валка нешто што е чисто. Дали може да се извалка нешто што е нечисто, а Вие сте толку нечисти што ништо неможе ништо да ве испере. Избербатени сте по сите основи.
- Јохане на децата можете да им платите и наредите да ги искинат сите ми плакати, но биди сигурен дека со нив не ќе можете да го покриете вашето грдо и нечисто лице.
- Јохане кој го валка образот?. Оној кој ја штити партијата од криминалци и бандити или оној кој соработува и профитира од нив?
- Јохане кој го валка образот? Оној кој се спротивставува на фамилијата која ја злоупотреби нашата партија за лични цели и богатње или оној кој им слугува на истите.
- Кој го валка образот: Оној кој ја штити партијата и државата од лажните патриоти или оној кој им слугува на истите?
- Кој треба да се срами Јохане? Јас или ти. Ти беше оној кој што ја поддржа амнестија за теористите со писмото кои ти го пишуваа во кабинетот на твој шеф. Јас и дене денес барам казна за злосторниците Јохане.
Но, без разлика на се сепак си помлад и ке ти простам од причина што те занесе брзиот бизнис интерес.
Јохане и почитувани мои сопартијци од ВМРО ДПМНЕ. Јове бил и Јове ке остане ВМРО ДПМНЕ, ама не на ова во кое царува и од кое се богати фамилија. Јове се борел против бугарофилите во партијата, а сега ке се избори и против криминалците во партијата. И затоа Јохане, јас нема повеке да се занимавам со тебе. Ти си им важен на фамилијата се до оној момент додека не видат дека престанала твојата употребна вредност. Колку си им важен и колку те почитуваат кажува фактот дека Амди Бајрам им е поважен од тебе и затоа на листата си под него. Толку од тебе и до тебе Јохане.
Но, да се навратам на потребата на Груевски за 63 пратеника.
- Груевски бара 63 послушника бидејки не умее дa влaдее без aпсoлутнa влaст и кoнтрoлa над се во државата. Тој е смртно уплашен од оние рaзмислувaaт сo свoјa глaвa. Се што е критички нaстрoенo кoн негo, тој гo етикетир кaкo непријaтелскo, aнтидржaвнo, душмaнскo…Јас бев првиот кој ја побара неговата оставка.
- Зa последниот балканси диктатор дадениот збор, кoмпрoмисoт, дoгoвoрoт се непoзнaти кaтегoрии. Тој компромис на штета на сите нас прави само со Ахмети и Муса Џафери кога е во прашање бизнисот и разградувањето на државата.
- Почитувани мои дали сте приметиле дека кога нешто Али и Муса ке направата, овој ,,големиот патриот” го нема да се јави по цела недела. Се крие како глушец во дупка. Затоа што секогаш и за се се договарал со нив. Нема нешто да не е направено а да претходно не било договорено.
- Немојте да мислите дека е подобар и оној од Муртино, претседателот на СДСМ. Тој пакј секојдневно се повеќе се заплеткува во својата желба што побрзо да дојде на власт. Уште не скокнал, а вика ОП и вели: ,,Јас ке бидам новиот премиер”. Чекај бре човече, застани малку па оваа не е борба за фотеља. ОВА Е БОРБА ЗА СПАС НА ДРЖАВАТА.
- Што ќе ни се фотељи ако немаме држава. Дај прво сите заеднички да ги казниме овие злосторници на 11 декември, па после ке зборуваме за функции.
- Почитувани мои сограѓани
Деновите на лагите и манипулациите се одбројани. Време е да ја промениме црно белата боја. Секој даден глас за партиите кои го потпишаа Договорот од Пржино значи продолжување на хаосот и паралелизмот во функционирањето на државата,
ГЛАСОТ ДАДЕН ЗА КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА, ГЛАСОТ ЗА БРОЈОТ 5 Е ГЛАС ДАДЕН ЗА СТОП НА КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА,
- Стоп за лагите и манипулациите
- Крај на лажниот национализам и патриоти
- И ЗАТОА НА 11 ДЕКЕМВРИ ЗАОКРУЖЕТЕ ГО БРОЈОТ 5 НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ
ЗА ПОБЕДА и УСПЕХ на КОАЛИЦИЈАТА за ПРОМЕНИ и ПРАВДА
- УСПЕХОТ НА ОВИЕ ИЗБОРИ Е САМО ПРВИОТ ЧЕКОР ОД ЦЕЛОКУПНАТА ПОБЕДА. ПО ОВИЕ ИЗБОРИ ОДИМЕ НА ПОБЕДА И НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ.
- ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА