Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Кекеновски: Пратениците од нашата коалиција, слободно и самостојно ќе одлучуваат

Кекеновски: Пратениците од нашата коалиција, слободно и самостојно ќе одлучуваат

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ денеска на прес-конференција ја претстави својата програма во која, како што велат, имаат стратешки определби (враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, преиспитување на Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност и др), среднорочни и краткорочи планови и акции и задачи.

-Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници и извршители на желбите на лидерите на политичките партии. На државата не и требаат слепи и послушни пратеници кои само ќе стискаат зелено и црвено копче согласно директивите кои ги добиваат од партииите, изјави Јове Кекеновски, носител на листа за пратеници од Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ во ИЕ2.

Избраните народни пратеници од нашата Коалиција, како што рече, ќе имаат слобода самостојно да одлучуваат и обврска максимално да соработуваат со органите на ЕЛС (Совет и Градоначалник) сé со цел како избрани народни пратеници да го подигнеме квалитетот на живеење во општините во кои сме избрани.

Кекеновски соопшти дека ако ја добијат довербата од граѓаните во ИЕ 2 веднаш ќе побараат да биде укинат имунитетот на пратениците и останати носители на јавни функции (освен за претседателот на државата), ќе се укинат патните трошоци на пратениците во висина на карта за автобуска линија, ќе се стави крај на рушителите на системот, распуштање на Уставниот суд, најстроги казни за сите вклучени во случаите Рекет 1 и 2 и „Империја“, расчистување на случајот „Диво насеље“. Рече дека ќе се залагаат и за укинување на функцијата заменик-министер и потпретседател на Владата за спроведување на Рамковниот договор, укинување на одредбите на Избирачкиот законик кои, како што рече, протежираат би(три)партизам наместо мултипартизам и укинување на одредбите кои се однесуваат на Техничка влада на 100 дена пред изборите.

Кекеновски најави дека ќе се залагаат и за генерално прочистување на судството, обвинителството и полицијата, експресно завршување на сите кривични постапки во, посочува, една фер постапка, за да не застарат делата и приспитување на начинот на стекнување на имотот на сите оние кои биле на власт во последниве 20 години и конфискација на нелегално стекнатиот имот.

loading...