Кекеновски: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со граѓаните дека се загрижени за нивното здравје

од Берта Китинска
194 прегледи

Кога се формираше коалицијата се договоривме да ги застапуваме ставовите кои не поврзуваат, а не оние кои не разликуваат. Тоа е „никогаш Северна само Македонија, борбата против корупцијата и криминалот. На власт ги видовме и едните и другите. Никој ништо не презема против злоделата и криминалот кој што се прави, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, проф. Јове Кекеновски основач и предводник на ФРОДЕМ.

Обид за поништување на Преспанскиот договор, ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во промената на името.

-Начинот на изгласувањето со дво-третинско мнозинство, начинот на потпишувањето ни дава за право да се обидеме да го поништиме Преспанскиот договор преку меѓународните инстанци. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нас е тоа што ние тоа што ќе го кажеме го реализираме и не ни служи само за дневно-политички поени. Да сакаа да го променат договорот имаа можност додека беа во пратеничките групи, имаа можност и да повикаат граѓани да се спротивстават против промената на името, но тие се соучесници во промената на името. Токму во моментот кога се склучуваше Преспанскиот договор, нивниот лидер повикуваше на протести против загадениот воздух. По којзнае кој пат манипулираат со граѓаните дека се загрижени за нивното здравје. Мислам дека мотивите им се сосема различни. Нека повелат нека бојкотираат. Владата изготви протокол, а и ние како коалиција дадовме предлог гласењето да трае три до пет дена, се со цел поголема излезност, вели Кекеновски.

Слични содржини