Келиф ги тужи Маск и Џ.К. Роулинг

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Олимписката шампионка во бокс, Иман Келиф, поднесе тужба во Франција за сајбер-малтретирање по бројните критики и лажни тврдења за нејзиниот пол за време на Олимписките игри во Париз, а меѓу тужените се Илон Маск и Џ.К. Роулинг.

И двајцата постојано ја нарекуваа Иман маж и на тој начин помогнаа да се разгори и онака доволно силната омраза, нетрпеливост и насилство кон олимпијката.

Нејзиниот адвокат Набил Буди откри дека познатиот писател и најбогатиот човек на светот се именувани во кривичната пријава што боксерката ја поднела до француските власти.

„Меѓу другите“, ги пренесува неговите зборови англиски „Телеграф“.

Тој посочи дека и Доналд Трамп ќе биде дел од истрагата на париското обвинителство. Тужбата во која се наведува дека Келиф претрпела „тешко вознемирување на интернет“ е поднесена против непознати лица.

Според францускиот закон, ова им дава слобода на обвинителите да истражуваат кој било потенцијално вклучен, вклучително и оние кои шират омраза и дезинформации зад псевдоними.

Келиф постојано истакнуваше дека е жена и нагласи дека нејзиниот олимписки златен медал има „посебен шмек откако беше малтретирана на Интернет“.

Во тужбата, боксерката тврди дека е жртва на „мизогинско, расистичко и сексистичко“ сајбер-малтретирање, што нејзиниот адвокат го опиша како „дигитален линч“.

Слични содржини