Келиф повеќе нема да молчи, ќе тужи за малтретирање!

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Алжирската боксерка Иман Келиф привлече големо внимание на Олимписките игри во Париз, кои завршија вчера.

Келиф се бореше со бројни обвинувања и притисоци, но на крајот го освои златниот медал во бокс до 66 килограми, откако во финалето со едногласна одлука на судиите ја совлада Кинеската Јанг Лиу.

Меѓународната боксерска федерација и забрани учество на Светското првенство во Индија, откако не ги положи половите тестови, а претседателот на ИБА, Умар Кремлев, тогаш тврдеше дека има XY хромозоми.

Светот ја осуди и беше многу груб кон неа, а сега нејзиниот адвокат Набил Буди објави дека поднеле тужба до специјалното одделение на париското обвинителство за борба против говорот на омраза на Интернет.

„Боксерката Иман Келиф одлучи да започне нова борба, борба за правда, достоинство и чест“, рече Буди, според „Галф тајмс“.

„Истрагата ќе открие кој стои зад оваа мизогинска, расистичка и сексистичка кампања, но ќе се справи и со оние кои го охрабрувале линчот на интернет. Неправедното малтретирање на кое беше изложен боксерскиот шампион ќе остане најголемата дамка на овие Олимписки игри“.

Слични содржини