КЕЛНЕР СТАНА ХЕРОЈ НА НАЦИЈАТА: Шефот му пишал во 3 наутро да дојде да работи на слободен ден, неговиот одговор стана вирален!

од Nikola Popovski

Британски келнер стана херој откако неговата порака до шефот за неговата оставка стана вирална.

Се започнало кога неговиот шеф му напишал во 3 наутро дека треба да дојде на работа следниот ден и да работи смена од 11 до 22 часот, иако има слободен ден. Келнерот љубезно одговори дека не може затоа што има слободен ден.

Но, тогаш тонот на пораките на неговиот шеф драстично се променил и тој му рекол дека мора да биде „тимски играч“. „Не можеш да мислиш само на себе“, напишал тој, пренесуваат медиумите на Островот.

„Зошто ми кажуваш само сега, во 3 наутро, дека треба да работам утре во 11 часот? Испив неколку пијачки и не се чувствувам доволно добро за да дојдам на работа мамурен и да работам така долго на слободен ден“, објаснил келнерот. Но газдата, кој потоа се симнал на уште пониско ниво, му напишал дека „не е добро да се напиеш премногу“.

„Дали ќе му кажеш на келнерот да не пие во слободно време? Дали ќе им кажеш на готвачите да не јадат кога не работат?“ прашал келнерот со „насмевка“. Тој, исто така, рече дека можеби ќе дојде на работа ако шефот му се јави во разумно време, а не во 3 наутро.

На шефот не му се допаднало тоа и му рекол дека ќе разговара за неговиот став кога ќе дојде на работа. На келнерот потоа му „пукнал филмот“ и си дал отказ. Тој му рекол на шефот дека има многу други кои бараат келнери и дека му е доста од се. Кога неговиот шеф напишал дека му е жал, тој само кратко го проколнал: „бакни ми го задникот“.

Келнерот наскоро стана херој поради отказот, откако неговиот шеф грубо сакал да го натера да работи слободен ден – и тој го пријавил тоа во 3 наутро.

Слични содржини