19
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, денес изјави дека прво треба да се постигне прекин на огнот, а потоа да започнат мировни преговори меѓу Русија и Украина.
„Прво безусловно примирје во траење од 30 дена, а во тој период транзиција кон сеопфатни мировни преговори. Но, не и обратно“, напиша Келог на социјалната мрежа X.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно денес предложи продолжување на директните преговори со Украина во Истанбул на 15 мај, без предуслови.