Кемпбел никогаш не била посреќна: Откри како се чувствува во улогата на мајка! (ФОТО)

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Пред неколку дена, светот беше шокиран од веста дека супермоделот Наоми Кемпбел станала мајка.

Бидејќи немаше најава за бременоста или приказна за посвојување, веста за бебето дојде како гром од ведро небо.

Сега Наоми на социјалните мрежи откри како се чувствува во улога на мајка.

„Никогаш не сум се чувствувала на начинот на кој се чувствувам сега во изминатите неколку недели. Благодарам на Бога за силната љубов што ја има мојата ќерка. Ви благодарам на сите за сите пораки за поддршка. И покрај предизвикувачката година, јас сум благодарна за овој благослов. Скоро сме пред крајот на тунелот, истрајноста и силата издржуваат сè“, напиша Наоми покрај фотографијата на која позира во градина полна со цвеќиња.

Јавноста претпоставува дека Наоми решила да посвои девојче, но засега, манекенката не даде коментар на оваа тема.

И нејзината мајка е горда што станала баба.

„Честитки за мојата ќерка Наоми за раѓањето на нејзината ќерка. Пресреќна сум затоа што чекав многу долго да станам баба“, рече мајката на Наоми Кемпбел.

Слични содржини