(ВИДЕО) Легендарниот „црн пантер“ во солзи ја затвори најемотивната ревија во Париз

од Vladimir Zorba

Веста за заминувањето на Сара Бартон од позицијата креативен директор на брендот Александар Меквин го шокираше модниот свет, а на актуелната модна недела во Париз, таа ја претстави последната колекција за британската куќа.

Бартон го направи последното шоу за британскиот бренд, во кое помина речиси три децении, инстинктивен чин на женска симболика.

„Оваа колекција е инспирирана од женската анатомија, кралицата Елизабета I, крвавата црвена роза и Магдалена Абаканович, трансгресивна и моќна уметница која одби да ја компромитира својата визија. Ревијата е посветена на Ли Александар Меквин, чија желба секогаш беше да ги зајакне жените и страста, талентот и лојалноста на мојот тим“, откри 49-годишниот дизајнер пред ревијата.

Бартон суптилно го вклопи духот на Меквин во сопствената визија за женска облека, наместо да го имитира неповторливиот гениј на својот ментор, а таа остана доследна на својата визија и вредности со својата најнова колекција.

Ревијата во Париз беше емотивно искрено збогување каде публиката застана и аплаудираше, додека дизајнерката за прв пат во кариерата направи целосен круг на пистата добивајќи пофалби и љубов која богато ја заслужува.

Нејзината последна колекција за британската куќа ја затвори легендарната Наоми Кембел, облечена во сребрен фустан со многу реси и солзи во очите.

Слични содржини