Манекенката Кендал Џенер ѝ стана позната на јавноста на само 11 години, бидејќи токму тогаш почна да се емитува реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“ во чиј центар е нејзиното семејство.
Две години подоцна, Кендал го потпиша својот прв договор како модел и се школуваше во приватни училишта.
Сепак, она што во последните денови најмногу се дебатира на интернет се нејзините кулинарски способности.
Имено, манекенката ја посетила својата мајка Крис Џенер и изразила желба да си направи сендвич, па започнала да сече краставица.
The way Kendall Jenner cut that cucumber will haunt me pic.twitter.com/K0mBmvkzHu
— ♔b (@badtasticb) May 12, 2022
Сепак, таа не се снајде најдобро, а нејзината мајка го праша готвачот дали тој ќе го направи тоа за неа. Сепак, Кендал не сакаше да се откаже, а ова видео стана вирално.
„Гледањето на Кендал Џенер како сецка краставица е најтрагичното нешто што сум го видел“, „Ова е најболното нешто што сум го видел“, „Гледајќи ја Кендал како се обидува да не биде разгалена богаташка со тоа што ќе си го измести рамото со сечкање краставица…“, се само дел од коментарите.