Тешко е да ја гледаш во очи… Позната манекенка го заборави градникот дома и прошета во многу храбар аутфит

од Stefanija Kuzmanovska

Ријалити ѕвездата и модел Кендал Џенер се појави во едно од нејзините најхрабри изданија до сега.

27-годишната реалити ѕвезда се упати на вечера во познатиот италијански ресторан Џорџо Балди во Санта Моника, облечена во тесен, проѕирен црн горен дел до рамениците, без градник под него. Таа го спои со црно кожно молив здолниште. Таа отиде на вечера со нејзините пријатели Хејли Бибер и Лори Харви.

Кендал, која неодамна беше уловена од папараците на состанок со порториканскиот рапер Бад Бани (29), за кој се шпекулира дека е нејзиното ново момче, го комплетираше својот впечатлив аутфит со црни чизми до колена.

Нејзината пријателка Хејли, сопруга на пејачот Џастин Бибер, се појави во сив мини фустан и црни сандали, додека 26-годишната Лори избра секси црн фустан со шлиц напред.

Женската дружба дојде откако Кендал помина романтичен одмор со нејзиното наводно момче. Извор близок до двојката неодамна откри за магазинот People дека нивната врска станува „се посериозна“.

„Тие се многу слатки заедно. Кендал е среќна, тој е многу забавен тип. Тој е вистински џентлмен и многу шармантен. Нејзе ѝ се допаѓа неговата енергија, тој е многу опуштен. Почнаа полека, но речиси секој ден го поминуваат заедно“. открил извор близок до славната двојка.

Слични содржини