Кендал Џенер и нејзиниот „брат близнак“ во ново реално шоу

Новото реално шоу ќе се вика „Кирби Џенер“ и на малите екрани ќе се најде следната година.

Покрај Кендал во него ќе се најде и момчето чое име е Кирби, кои многумина го нарекуваат нејзин близнак.

Иако, тие не се во никакво крвно сродство, нив двајцата ги поврзуваат по интересната идеја на Кирби, која му овозможи да се најде во центарот на вниманието. Имено, тој често правеше успешни фотомонтажи, па така тој се фотошопираше покрај многу познати личности, па и покрај манекенката.

Идејата за поткренување на оваа забавна програма била на Крис Џенер, позната како некој кој умее да препознае добра инвестиција.

Нема сомнение дека ќе привлече публика и дека ќе им донесе голема количина на пари.

Слични содржини