Кендал Џенер изгледа подобро од било кога

581 прегледи

Иако поради работата со која се занимава често мора да ги менува фризурите, менекенката Кендал Џенер, приватно вече со години го негува истиот изглед.

За разлика од своите сестри и полусестри кои се склони на промени на бојата и должината на косата, Кендал секој поразличен изглед го правела со перика, но сега, изгледа, се одлучила за трајна промена.

View this post on Instagram

i’m sleepy

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on

Својот нов изглед го претстави со видео на Инстаграм во кое јасно се гледа промената иако во описот не ја спомена фризурата.

Својата темно костенлива, скоро црна, коса манекенката ја обои во топла светла нијанса, а оваа мала промена направи голема разлика и го освежи нејзиниот изглед.

Дека станува збор за вистинска промена, а не перика, потврди и нејзината фризерка која исто така објави видео од новиот изглед на Кендал.

Обожавателите на менекенката се воодушевени и позитивно ја поздравија оваа промена и многумина се сложија дека Кендал, никогаш не изгледала волку добро.

Слични содржини