Фестивалот Art Bazel оваа недела го „собра“ кремот на Холивуд, а една од познатите убавици кои го посетија Мајами е и манекенката Кендал Џенер. Папараците ја фатиле како ужива во друштво на пријателката Бела Хадид и полусестрата Кортни Кардашијан.
https://www.instagram.com/p/B5ude3rnQaJ/
Кендал, на плажата, позирала во минијатурно бикини со танга, а посебно внимание привлече нејзиниот задник.
Фотографии од одморот таа сподели на социјалните мрежи и дала до знаење дека ужива во одморот. Покрај „фаќањето“ на сончеви зраци, Кендал се повозе и на јахта на која и настанаа фотографиите.
https://www.instagram.com/p/B5uRgacBDuB/
– Ти си вистинска секс бомба – ѝ порачаа следачите.
Celebrity Net Worth го проценува богатството на манекенката на 40 милиони долари. Освен што е се повеќе присутна на сите модни писти, таа заработува и од спонзорствата и со појавување во реалното шоу.
И покрај тоа што може да си дозволи се на светот, а злобниците ќе речат дека ништо не работи, Кендал не е задоволна. Манекенката тврди дека поради својата градба често се чувствува незгодно во семејството и се бори со несигурност.
– Многу ме гледаат како секс симбол, но всушност јас се борам со тоа и самата себе да се уверам дека сум убава – коментирала еднашка Кендал.