Најмногу ме погодува количината на негативност што ја гледам. Едноставно ја има премногу, ја започнува својата приказна супермоделот Кендал Џенер.
– Јас сум зависна од социјалните мрежи и не сум горда на тоа, но имам чувство дека повеќето од нас можат да го разберат тоа – објасни таа.
„Младите луѓе на возраст од 18 до 22 години можат да доживеат посилни симптоми на вознемиреност ако тие често се наоѓаат на социјалните мрежи“, се наведува на почетокот на видеото, по што Кендал зборува за своето искуство.
– Нешто што особено ми пречи е земање мали моменти без контекст, врз кои се гради цела, целосно лажна приказна, и не можам да направам ништо во врска со тоа – тврди Кендал.
Моделот има дури 164 милиони следбеници на Инстаграм, што е цела армија фанови, но и многу „хејтери“ кои оставаат исклучиво негативни коментари под нејзините фотографии.
– Секогаш барам совет од професионалци за тоа како да се справам со целиот притисок од социјалните мрежи. Имате ли вие некој? – Џенер побара помош во разговор со психолог, на што тој одговори: „Имам четири совети. Кога одите на социјалните мрежи, знајте со каква намера одите. Второто е свеста дека откако ќе ставите фотографија, веќе немате контрола врз толкувањата на истата. Трет совет е свеста за зависноста што социјалните мрежи навистина ја создаваат и на крај обиди се да се поврзеш со луѓето во реалниот живот“.
На крајот, таа заклучува дека е утешно да се слушне од професионалци дека не е сама во ова и дека повеќето луѓе на социјалните мрежи се чувствуваат слично.