Независниот кандидат за претседател на САД, Роберт Кенеди Помладиот објави став дека секој Американец треба да биде вознемирен од одлуката на Врховниот суд на Колорадо да го дисквалификува Доналд Трамп од претседателските избори во таа американска држава, нагласувајќи дека тоа го лишува американскиот народ од правото на глас.
„Трамп блокиран од гласачкото ливче во Колорадо. Кога судот во друга земја дисквалификува опозициски кандидат да се кандидира, ние велиме – Тоа не е вистинска демократија. Сега тоа се случува овде“.
„Тој беше обесправен од судот без да биде осуден за кривично дело. Кога некој кандидат е обесправен да се кандидира, американскиот народ е обесправен“, напиша Кенеди на социјалната мрежа X.
Тој се надева дека Врховниот суд во Колорадо „брзо ќе ја поништи таа одлука“.