Кери и ќе биде секаде околу само не во Македонија !?

од Vladimir Zorba
80 прегледи

 

Американскиот државен секретар Џон Кери наредната недела ќе престојува во Европа и во тие рамки ќе ги посети и земјите на линијата  од Србија до Кипар, само со исклучок на Македонија.

кери

 

Како што известија од Стејт департментот, Кери на 30 ноември ќе му се приклучи на претседателот Барак Обама на Самитот за климатски промени во Париз, а следниот ден во Брисел ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО. Од Брисел, Кери ќе отпатува за Приштина, каде ќе разговара со тамошните официјални претставници за безбедносни и политички прашања, а потоа ќе допатува во Белград, каде на 3 декември ќе учествува на состанокот на министрите на ОБСЕ, кој ќе биде финале на разговорите околу тероризмот, сириската криза, кризата со мигрантите по балканската рута и политичката дестабилизација. Истиот ден Кери ќе ја посети и Никозија каде ќе има билатерални состаноци, но и средба со лидерите на кипарските Турци и Грци со цел да ги охрабри да ги продолжат приговорите.

За 4 декември Кери патува за  Атина, која се планира и најавува одамна, и на која ќе ги отвори билатералните прашања, вклучувајќи ја миграциската криза и економските теми., како и за разликите околу името  . Во целото движење во регионот недостасува само Македонија. Колку тоа е порака или само тајминг , одговорот ќе се разбере за кратко време , токму од пораките на американскиот гостин на Балканот.