Ајрлeнд Болдвин, ќерката на актерот Алек Болдвин и актерката Ким Бесинџер, ги запрепасти сите кога на TikTok призна дека била силувана како тинејџерка.
„Денес нема да кажам детално што се случи, но бев силувана кога бев тинејџерка и бев целосно онесвестена кога се случи. Тоа ми го промени текот на животот“, започна Болдвин.
Навела и дека никому не кажала за тоа, освен на медицинската сестра која ја прегледала.
„Таа тајна ја чував за себе со години, а поради тоа ми предизвика многу болка на мене и на луѓето што ги сакам“, рече таа. „Бев во насилни и токсични врски и пријателства… Најчесто правев се што можам за да си го одвлечам вниманието“, ја продолжи приказната таа.
Рекла и дека признанијата на други жени ја натерале да размисли што би се случило доколку тогаш забременила.
„И да морав да одгледувам бебе за време на сето она низ кое поминував во тоа време. Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап“, истакна Ајрленд.
Таа признала и дека подоцна останала бремена со едно од нејзините дечковци, но абортирала.
„Тој прилично јасно ми стави до знаење дека никогаш не сакал деца или брак. Избрав абортус затоа што точно знам какво е чувството да се родиш меѓу двајца кои се мразат. И повторно би се избрала себеси. Тоа е твој живот, твој избор“, заклучи ќерката на поранешната холивудска двојка.
Заедно со видеото напиша и дека дава поддршка за сите жени и нивните права, алудирајќи на новата промена во законот за абортус во САД.