268
Ќерката на познатиот НБА кошаркар Денис Родман, Тринити Родман (20), стана најплатената фудбалерка во Соединетите Американски Држави, објави Yahoo Sports.
Тринити Родман потпиша нов, четиригодишен договор со Вашингтон Спирит, според кој ќе заработува 1.124.000 долари или 281.000 американски долари по сезона. Таа така ќе ги надмине двете ѕвезди на репрезентацијата на САД, Меган Рапино и Алекс Морган, кои заработуваат 250.000 долари годишно.
Тринити Родман игра на напаѓачката позиција, а тимот на Вашингтон е актуелен шампион на NWSL.
Ќерката на Денис Родман досега одигра седум натпревари за селекцијата на САД и постигна два гола. Нејзината мајка, Мишел Мојер, беше во брак со Родман помалку од една година.