Кејт Мос долго време се трудеше да ја држи ќерка си, Лила Мос, подалеку од будното око на јавноста, бидејќи и сама почувствувала колкав е притисокот и какви можат да бидат последиците.
https://www.instagram.com/p/B4m21lBgfbb/
Меѓутоа, Лила решила да тргне по стапките на мама и сега ниже успеси во светот на модата.
Кејт, Лила ја добила со Џеферсон Хек, сопственик на една издавачка куќа и двајцата се потрудија ќерката да им биде што понастрана од жолтиот печат на кои секојдневно завршуваат децата на славните.
https://www.instagram.com/p/B2J6mEpAAdt/
Долго време јавноста не можеше да види ниту една фотографија од нејзината ќерка, но сега кога порасна донела одлука дека ќе влезе во светот на модата, а се чини дека Кејт нема да ѝ застане на патот.
Се започна со насловната страница за Вог на која позираа мајката и ќерката.
https://www.instagram.com/p/BuHS_pQgbEB/
Многумина коментираа дека Лила е поубава од мајка ѝ, а дизајнерите предвидуваат дека таа ќе има поголемакариера од Кејт.