518
Лурдес Леон се појави на настапот на нејзината мајка Мадона во хотел во Њујорк во оскудна комбинација. Ќерката на поп-кралицата се повеќе личи на нејзината мајка, ако се земе предвид нејзиниот ексцентричен изглед.
Мадона отсекогаш ги надминувала границите кога станува збор за голотијата, а своето тело честопати го покажува самоуверено дури и на 63 години. Нејзината ќерка, Лурдес Леон, очигледно ја имитира, бидејќи се појави во скудна комбинација на настапот на нејзината мајка во хотел во Њујорк и стана главна атракција.
Таа носеше кожен топ со логото на списанието „Плејбој“ и панталони кои имаа отвор напред, што целосно ја открива нејзината долна облека, па изгледа како да излегла од филм за возрасни.