Лордес Леон, ќерката на Мадона, го објави својот деби сингл со придружно музичко видео во кое таа танцува на гробишта и се тркала на плажа речиси целосно гола. Интересно е и тоа што таа се осврна на ривалката на нејзината мајка, Лејди Гага.
Видеото го режираше Eartheater кој ја продуцираше песната со Семјуел Бурџис и Хари Кари.
Мадона го сподели дебито на својата ќерка на Инстаграм, пишувајќи дека е горда на своето најстаро дете.
Сепак. се чини дека песната „Lock&Key“ е инспирирана не само од нејзината мајка, туку и од друга поп икона – ривалката на Мадона, Лејди Гага.
Madonna’s daughter Lourdes references Lady Gaga’s “no sleep, bus, club, another club” quote in her debut single pic.twitter.com/ywT06YpfH3
— Gaga Daily (@gagadaily) August 24, 2022
Во стиховите, Лордес пее: „No sleep, next plane, no sleep, makeup, next club, next car, next plane, no sleep, no fear“, што всушност е јасна референца за едно од најнезаборавните интервјуа што Гага ги има дадено во својата кариера.
Во 2011 година, Лејди Гага, одговарајќи на прашањето како успеала да сними два албума и да има активна светска турнеја, рече – „Работев секоја вечер. Без сон! Автобус, клуб, друг клуб, друг клуб, авион, следно место. Без сон, нема страв. Никој не веруваше во мене. Тој албум не е направен во мир“.
11 years ago today, one of the most iconic Lady Gaga quotes was born:
“Bus, club, nother club, nother club, plane, next place, no sleep” pic.twitter.com/WbiZXSABAO
— Gaga Throwbacks – Fan (@ThrowbacksGaga) May 9, 2022