Ќерката на Пол Вокер израсна во вистинска УБАВИЦА! (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
357 прегледи

Пол Вокер, ѕвездата на филмот „Брзи и бесни“, загина во сообраќајна несреќа во 2013 година, кога неговата ќерка Медоу имаше само 14 години.

Меду денес има 22 години, а на нејзиниот татко често се присеќа во објавите на Инстаграм. Иако во умовите на многумина таа сè уште е малото девојче кое Пол Вокер со задоволство го покажуваше, сега таа е млада жена и успешна манекенка.

Таа неодамна се појави на премиерата на деветтото продолжение на франшизата „Брзи и бесни“, која го прослави и нејзиниот татко. Во долг црн фустан со интересен пресек на стомакот и дискретен накит и шминка, Медоу пленеше со својата необична убавина.

Слични содржини