535
Микаела Спилберг, посвоената ќерка на познатиот холивудски режисер Стивен Спилберг, откри дека ќе снима порно филмови.
Во ексклузивниот разговор за британскиот Sun, таа открила дека веќе снима соло настапи, а кога ќе се регистрира како сексуална работничка, планира да стане стриптизета.
Микаела рекла дека ја соопштила одлуката на своите родители и дека тие и дале поддршка.
– Не го правам ова од инат, туку затоа што сакам да му дадам почит на своето тело и од него да заработувам – рекла Микаела.
Таа и порано имала проблеми со дрогата, но сега вели дека излегла од тој пекол.